Според последните информации конечната одлука за евентуалната продажба на Манчестер Јунајтед ќе биде позната до почетокот на јуни, но и натаму се уште не е извесно дали воопшто ќе дојде до промена на сопственичката структура.
Семејството Глејзер кој е сопственик на клубот не отстапува од сумата од шест милијарди фунти и неодамна се појави информација дека катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал Тани најави дека доколку газдите не ја намалат тогаш тој се повлекува од трката за преземање на Манчестер Јунајтед.
Иако се уште нема официјална реакција и од вториот понудувач Џим Ретклиф, неофицијално и тој не се согласува со цената и може да се случи Манчестер Јунајтед и натаму да остане во рацете на семејството Глејзер.
Понудите на шеикот Јаим и Ретклиф се движат на сума околу 4,5 милијарди фунти и се очекува во следниве месеци двете заинтересирани страни да продолжат со преговорите кои треба да завршат кон крајот на мај.
Одлуката треба да се донесе токму во овој дел од година се со цел доколку дојде до продажба, новите сопственици да имаат време да се подготват за активности во летниот преоден рок и ангажирање на најавените засилувања во екипата.
ФОТО: Игор Паневски
