Вести Економија Најважни

Шпагетите и макароните од утре со замрзната цена, за млекото и млечните производи Бектеши дава рок уште еден ден, производителите самите да ги поевтинат

Ќе поевтинат тестенините, млекото, удрата, сирењето. Одлуката за замрзнување на нивните цени ќе се носи утре, вели министерот Бектеши. Иако, произвоителите и увозниците предупредија дека ако се случи тоа, ќе имаат сериозни штети, а можно е и да се намаат количините на производи во маркетите, Бектеши со  последна опомена до нив. Ќе почека до утре да види дали, и за колку ќе ги намалат цените, од што ќе зависи и колкаво ќе биде замрзнувањето. Одлуката пак за замрзнатите  цени ќе стапи на сила од идната недела.

Во комуникација сме, ги известив дека до утре ќе чекаме нивни одлуки. Во случај ако се примети дека нема намалување ќе донесеме ние мерка. За тестенини, и со нив сме во комуникација, сами покажаа интерес и таму намалувањето ќе биде многу големо што ќе бидеме поконкурентни во регионот, изјави Крешник Бектеши

Белиот и полубелиот леб беа производите чии цени се замрзнаа. Поради вакавата одлука производителите два дена не испорачуваа, а од кога им беше наложено да го прават тоа, лебот го вратија на рафтовите во маркетите, но најавија тужба за загубите. Бектеши пак саркастично одговори, наместо една очекува две тужби.

Јас очекував две тужби. Една за прекршочни што добија, а втора е само за да го покријат загубите. Слободно нека тужат, јас сум убеден дека вистина е на нашата страна, истакна Крешник Бектеши, министер за економија.

Ваквите мерки следуваат откако дел од прехрамбените компании користеа субвенционирана струја, но за возврат или не ги поевтинија производите, или минимално ги намалија цените.

Евтината струја им се даде со цел да ги намалат трошоците кога на берзите таа рушеше рекорди. Но,  колку пари до сега се потрошени за енергетската криза податоци точни за сега нема, ниту во економија, ниту во ЕСМ. Но, и од двете институции тврдат дека се прават калкулации и за бргу ќе има точни бројки колку е потрошено.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе