Вести Економија

Повлекување на измените на Законот за игри на среќа и дебата со надлежните, бараат од АСОМ

Повлекување на измените на Законот за игри на среќа, кои се испратени со европско знаменце од Влада во Собрание и дебата со надлежните, што до сега не е реализирана и покрај барањата. Ова го побараа на денешниот брифинг од Асоцијацијата на спорски обложувалници, од каде рекоа дека доколку се усвојат измените, 98% од обложувалниците ќе бидат затворени, над 10.000 вработени ќе останат без работа, а околу 250 милиони евра на годишно ниво ќе биде дупката во државниот буџет, што се полни од оваа дејност. Од Асоцијацијата укажаа и на други последици по економијата доколку поминат законските измени, правени по примерот на Албанија.

Тоа ќе значи отворање на црн пазар, сива економија. Сѐ она што не го сакаме ќе се случи на нашиот пазар како што го имаме во примери во земји кои што тоа го применија. А тие примери се блиску до нас, вели претседателот на асоцијацијата на спортски обложувалници, васко илијевски.

Двојно оданочување, зголемени давачки за отворање нови спортски обложувалници, укинување на игрите на среќа на интернет и создавање монопол од државата со формирање трговски друштва по принципот јавно – приватно партнерство, се дел од законските измени што се неприфатливи за АСОМ. Од таму како неосновани ги отфрлаат тврдењата на здруженија дека постојниот закон не се почитува и дека треба обложувалниците да бидат најмалку на растојание од 500 метри од училиштата, како што стои во измените. Илијевски вели дека ја почитуваат забраната за малолетници, согласно членот 21 од законот.

Сметаме дека таа е доволна мерка која што може да се подобри во насока, доколку смета законодавецот да се зголеми евентуално казната. Да се вклучи и другата страна во процесот доколку е затекната на уплатното место. Тука зборувам за малолетникот и родителот/старателот, рече илијевски.

Препорака од Европската комисија е да се организираат едукатнивни програми за граѓаните за да се разбере зошто не треба да се користат услугите на приредувачите на игри на среќа, дополни Илијевски. Носењето на законските измени со европско знаменце евроамбасадорот Гир го протолкува неодамна како непотребно и апелира на дебата, а австрискиот амбасадор во земјава кажа дека измените се неуставни. Од Владата за сега нема одговор за средба со претставници од АСОМ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе