Облачно, почувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. На повисоките планини ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од североисточен, а во источните од југоисточен правец.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7°C, а максимумот од 6 до 12°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
3 Охрид, Крушево, 4 Претор, 5 Берово, Битола, Крива Паланка, Прилеп, 6 Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец, Дојран, 9 Штип, Гевгелија, 10 Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
15 Крушево, 13 Скопје-Петровец, Прилеп, 12 Битола, 10 Пожаране, 9 Д.Капија, 8 Куманово, Дебар, 7 Гевгелија, Берово, 6 Струмица, Кр.Паланка, Тополчани, 4 Штип, Виница, Дојран, Ѓуриште, 3 Охрид, Претор.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
15 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
