Вести Свет

Столтенберг: НАТО има задача да не дозволи ескалација на војната во Украина и да спречи Алијансата да биде инволвирана во војната

НАТО има задача да не дозволи ескалација на војната во Украина и да спречи Алијансата да биде инволвирана во војната, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврдувајќи ја и поддршката за брза ратификација на приемот на Шведска и Финска во НАТО. Со зголемувањето на и военото присуство во источниот дел на алијансата, како и во балтичкиот регион НАТО испраќа порака дека нападот врз кој било сојузник на Алијансата ќе предизвика одговор од целата алијанса, додаде тој.

  • Се разбира, НАТО има и друга задача, а тоа е да спречи ескалација, да спречи ова да стане полноправна војна меѓу Русија и НАТО. И затоа, го зголемивме и нашето воено присуство во источниот дел на Алијансата, исто така во балтичкиот регион, за да испратиме јасна порака дека нападот врз сојузник на НАТО ќе предизвика одговор од целата Алијанса. Важната работа сега е да се поддржи Украина. Никој не може точно да каже кога ќе заврши оваа војна, но кога ќе заврши, треба да се погрижиме историјата да не се повтори, дека претседателот Путин не може да продолжи да ги напаѓа соседите, истакна Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Наместо превенција, ние го пробиваме европското дно со рак на грлото на матката – гинеколозите загрижени за новите програми

Дејан Дејан

Започна транспортот на линданот од третиот и четвртиот лот од малата депонија на поранешен ОХИС

Дејан Дејан

Се испишуваат основци, но и средношколци – миграцијата го намалува бројот на паралелки, но и на основни училишта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе