Култура

Град Скопје нема интерес за проектот Скопје- Европска престолнина на културата 2028

Културни работници, понатаму во текстот означени како експерти, реагираат околу отсуството на интерес на Град Скопје за финализирање на апликацијата околу кандидатурата за Скопје- Европска престолнина на културата во 2028 година. Тие алармираат и за неисплатени хонорари за нивниот ангажман од Универзална сала , која е носител на проектот Скопје ЕПК. Се жалат и дека Градот сеуште не решавал околу апликациите за проекти од културата за оваа година. Нивното соопштение го објавуваме во целост.
Во јануари 2023 година веќе имаше објави дека градот Скопје е во потесна селекција, заедно со градот Будва, да стане потенцијална Европска престолнина на културата за 2028 година. Меѓутоа, во период кога активно треба да се работи на случајот, во град Скопје нема одзив за проектот. Имено, градот требаше да има определно буџет за проектот за наредните 7 години и веќе да организира состаноци со тимот на експерти. Од Европската комиција бараат нов и ревидиран бид бук во кој тимот на експерти ќе предложи проекти и настани кои ќе се случуваат во 2028 година и ќе бидат од изнимно значење за развојот на културата во градот. Меѓутоа, наместо тимот на експерти активно да работи на проектот, односно на ревизија на веќе испратениот бид бук кој мора да биде готов до мај 2023 година, експертите се уште немаат потпишани нови договори за работа, а во град Скопје не одговараат на мејлови, повици и покани за состаноци. Понатаму, е-маил адресите на експертите вклучени во проектот се блокнати со цел да не им досаѓаме на вработените и да ги замараме за проектот. Поради апсолутната несериозност и незаинтересираност на одредени луѓе кои работат во град Скопје, вклучувајќи ја и градоначалничката Данела Арсовска, нашиот град е на пат да го изгуби статусот како потенцијален кандидат за ЕКП 2028, особено поради фактот што до април 2023 новиот бид бук веќе треба да е готов, а истиот не е ни почнат.
Универзала сала е официјален носител на проектот Скопје ЕКП 2028 и најми тим на експерти кои ќе работат на апликацијата и на бид букот кој ќе го доведе град Скопје до оваа титула. Од експертите беше побарано да ги сработат своите задачи во рок од два месеци, по брза постапка, бидејќи претходно проектот каснеше и повторно зависеше од потписи и одобрување во град Скопје. Откако работата беше успешно завршена, градот Скопје ја блокираше сметката на Универзална сала поради заостанат долг од 2017 година и Универзала Сала нема исплатено хонорари на експерите кои работат на проектот уште од ноември, 2028. Според потпишаните договори, Универзална сала требало да ги исплати хонорарите најкасно до декември 2022 година. По стотици мејлови до директорот на Универзална сала за кои не добивме одговор, освен еднаш. велат дека работат на случајот и ништо повеќе. Во тимот сме лути поради дрскиот однос од страна на директорот на Унвиерзална сала и вработените во град Скопје и спремаме тужба, согласно договорот кој го потпишавме. Тимот на експерти прати неколку мејлови до градот Скопје со молба тимот на експерти да биде исплатен директно од страна на град Скопје, бидејќи Универзална сала не е во можност, меѓутоа нема никаков интерес и одзив. Експертите се лути бидејќи топката постојано се префрла од една до друга институција, а ваквиот бес потенцијално може да резултира во повлекување од работа на проектот, во време кога е најмногу потребно.
Според неформални разговори со вработени во град Скопје дознаваме дека апликациите за финансирање на проекти во областа на културата воопшто не се разгледани и не се ни отворени, а резултати требаше да има до крајот на јануари 2023. Сите културни работници и институции кои имаат испратено апликации и конкурирале со проекти се уште безнадежно чекаат на некаков одговор. Слично како и претходните две години, градот Скопје нема интерес и сериозност за проекти во културата, па од тука ваквите апликации ги става на последно место и постапува против законски, односно, не ги објавува јавно и транспарентно резултатите.
Според овие три случаји, можеме да заклучиме дека во градот Скопје НЕМА НИКАКОВ ИНТЕРЕС за културата, а ваквите случаи може да ги толкуваме како намерен бојкот на луѓето кои работат во овој домен и на кои единствениот начин да заработат се проекти во културата кои градот Скопје не ги разгледува, не ги одобрува и за кои ни малку не се секира.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе