Вести Култура

Наградата „БАФТА“ за најдобра женска улога ја доби Кејт Бланшет, филмот „На Запад ништо ново“ со седум одличја

Доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) во Лондон синоќа собра некои од најголемите холивудски ѕвезди. А, со седум одличја од вкупно 14 номинации, филмот за Првата светска војна – „На Запад ништо ново“ (All Quiet On The Western Front) ја освои вечерта.

Oстварувањето на режисерот Едвард Бергер ги освои наградите Најдобар филм, за режија, адаптирано сценарио, кинематографија, филм од неанглиско говорно подрачје, звучни ефекти и за оригинална музика.

Следуваат „Елвис“ и „Самовилите од Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) со по четири статуетки. Меѓу другите, „Самовилите од Инишерин“ ги доби одличјата и за оригинално сценарио и Најдобар британски филм на годината.

Наградата „БАФТА“ за најдобра женска улога ја доби Кејт Бланшет, за улогата во филмот „Taр“, а најдобар глумец, според БАФТА, е Остин Батлер кој го одглуме насловниот лик во „Елвис“.

„Аватар 2“ е проглаен за филм со најдобри специјални визуелни ефекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

Igor Trajkov

Над 250 милиони евра должи ЕСМ на домашни и странски банки

Дејан Дејан

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе