Квича Кварацкелија е вистинска сензација во дресот на Наполи сезонава. Грузиецот има неверојатна дебитантска сезона во дресот на италијанскиот клуб, кој е многу близу да ја освои шампионската титула во Серија А.
Крилниот напаѓач, кој има само 22 години, сезонава на 23 натпревари во Серија А и Лигата на шампиони има 11 голови и 14 асистенции. Според странските медиуми, Реал Мадрид, Манчестер сити и ПСЖ се заинтересирани за негов трансфер. Наполи го проценува својот фудбалер на преку 100 милиони евра и можно е следното лето да направи сензационален трансфер во некои од овие гиганти.
