Кошарка Спорт

ФОТО галерија: МЗТ Скопје го елиминираше Вардар и закажа финале со Баскет Кам

Кошаркарките на МЗТ Скопје за прв пат во историјата успеаа да се пласираат во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција.

Составот од Аеродром триумфираше над Вардар со 73:57, а најзаслужни за победата беа Оливија Ли и Џои Симонс кои комбинирано постигнаа 60 поени. Ли впиша 32 додека Симонс 28 поени.

Противнички на МЗТ Скопје ќе им бидат кошаркарките на Баскет Кам кои во првото полуфинале го совладаа Бадел 1862 со 70:61.

Финалниот меч се игра утре во салата на СРЦ Кале со почеток од 16 часот и 30 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе