Вести Македонија Топ вести

Нова еврообврзница ќе нѐ чини поскапо

Со пропаѓањето на еврообврзницата се праќа лош сигнал до инвеститорите, а нејзиното реиздавање ќе нѐ чини поскапо. Ова е ставот на дел од експертите за неуспешното издавање на еврообврзницата, поради тоа што министерот за правда Тупанечвски не ставил потпис на потребното правно миселење. Сега за да се одржи нова аукција, ќе се чека изборот на новиот министер за правда.

Од таму пак објаснуваат – Тупанчевски оставката ја поднел на 10-ти  месецов, а барањето од финансии за правното мислење, го добиле вчера. Експетите не се сомневаат дека земјава повторно ќе ги обезбеди потребните пари, но за сумата за која ќе се задолжи ќе треба да се плати повеќе.

На глобално ниво условите на пазарите нема да бидат подобро и според сигналите до крај на јуни референтната каматна стапка ќе расте. Од тука  реиздавањето на нова евброобврзница, потенцијално нас би не чинела повисока цена, која што би ја платиле за истите средства, Вториот  аспект е која пораката ја испаракаме. Дали со ваквите пропусти се испраќа порака  на несериозност, и потенцијално приоритизирање на политичките,  наместо на важните политики, вели економскиот експерт Благица Петрески од Фајнанс Тинк

Реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  Велат дека со пропагањето на еврообврзницата, целосно се урива угладот на државата.

Премиерот Ковачевски е сигурен дека случувањата нема негативно да влијаат на кредитниот  рејтинг на земјава.

Сепак, за дел од правните експерти, состојбата во однос на мандатот на Тупанчевски е јасна. Во тој момент кога се барало првано мислење за еврообврзницата тој не бил на функција, а се разрешува и заменикот што според експертите е непресметан потег на Владата.

Дополнително со престанокот на мандатот на министерот прастанува и мандатотот на државниот секретар во Министертвото за правда.

Но, во такви околности, кога нема ниту еден именуван функционер Владата можела, а не ја искористила законската можност, како повисок орган, со посебна одлука да го овласти премиерот или некое друго раководно лице во Министертвото за правда за да го потпише мислењето.

Инаку, минатата недела финансии издаде четиригодишна еврообврзница во висина од 600 милиони евра, со каматна стапка од 6,5 проценти. Планот е со парите да се вратат старите долгови кои доспеваат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе