Вести Економија

Синдикатот бара повлекување на Законот за плати

Се намалуваат правата на над 130 илјади вработени во јавниот сектор. Новиот предлог-закон за плати не уредува како да се зголемат платите, но одредува исплата на основна плата без стаж и други додатоци за време на годишен одмор. Владата има намера оваа појава, веќе забележана во правосудството, да ја прошири на сите институции, реагира Синдикатот.

УПОЗ смета дека законот ќе направи хаос со воведувањето потсистеми, зашто секоја институција треба посебно да ги воведува новите правила. Уште полошо, ќе влијае на укинување на колективните договори. Конечно, системски закон не смее да се носи без социјален дијалог и со исклучување на синдикатите.

Неколку дена пред Нова Година, Министерството за администрација го објави законот на ЕНЕР. Го претстави како унифицирање на платите, „еднаква плата за работа со еднаква вредност“ и раст на платите во конекција со минималната плата. До средината на февруари ќе се организираат јавни дебати и расправи за подобрување на текстот, кој ќе биде отворен за сугестии и забелешки. Законот опфаќа над илјада и 300 државни институции.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе