Вести Економија Свет

Штрајк на работниците во Зара, во татковината на модниот гигант- бараат поголеми плати

Вработените во модниот гигант Зара од сабота почнаа штрајк во Шпанија на почетокот на големите зимски распродажби кои фирмата ги најави со големи попусти како помош на граѓаните во битката со инфлацијата.

Работниците на Зара бараа зголемување на платите и подобри услови за работа, објави шпанскиот економски магазин Синко Диас. Вработените бараат и зголемување на бонусите за продажба и за прекувремени часови откако инфлацијата во Шпанија за декември е измерена на 5,8 %.

Големите сеознски зимски попусти се традиција во Зара, но и во останатите големи шпански модни компании, и на тој начин се обидуваат да ги продадат залихите на облеката од последната колекција. Проценките на шпанскиот финансиски споредувач Банкми се дека секој жител на Шпанија за време на зимските распродажби ќе потроши по 94,4 евра.

Предвидената сума е пониска од ланската кога секој Шпанец купил производи во вредност од 96,3 евра за време на јануарските постновогодишни распродажби.

Но на првиот ден од распродажбата (сабота 07-ми јануари), продавачите во сите објекти на Зара го почнаа штрајкот кој еднаш веќе го одоложија на крајот на ноември.

Зара е меѓу 400-тина големи модни брендови кои според шкотска студија за време на корона кризата покажале финансиска „нефер пракса“ кон добавувачите и производителите на нивните парчиња облека.

Зара има 90 фабрики кои се во посиромашните држави и произведуваат облека од тој бренд, а за време на пандемијата, Зара на секоја трета фабрика ги откажувала своите нарачки, а секоја десета фабрика се соочила со одбивање да им биде исплатен трудот поради најразлични причини. 30% од фабриките кои произведуваат за брендот Зара се соочиле со три месечно доцнење во исплатата поради што им се покачиле трошоците за набавка на суровини, а фабриките не можеле да ги зголемат ниту минимиланите плати на текстилните работнички пред се во Бангладеш.

Минималните текстилни дневници во Бангладеш се околу 2,6 евра односно 160 денари за ден или на месечно ниво платите се под 70 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе