По заминувањето на Кристијано Роналдо, Манчестер Јунајтед во текот на јануарскиот преоден рок ќе се обиде да ангажира фудбалер кој ќе го заземе неговото место во екипата.
Како најсериозен кандидат за негова алтернатива се споменува репрезентативецот на Гана и член на Ајакс, Мохамед Кудус.
Според британските медиуми менаџерот Ерик Тен Хаг веќе побарал почеток на преговори со неговиот поранешен клуб, но од Амстердам одговорот стигна многу бргу и Ајакс за раскин на договорот со Кудус бара обештетување од 50 милиони евра.
Напаѓачот кој во досегашниот тек од сезоната на 21 натпревар постигна 10 гола со Ајакс има договор до 2025 година.
ФОТО: Игор Паневски
