Вести Економија

Макпетрол предупреди на поевтинување на гасот и даде флексибилна понуда, но ЕСМ  избра фиксна цена на бугарска фирма

ЕСМ реагира на вчерашниот прилог на Телма, во кој се наведува колку повеќе ќе се плати за гас, со изборот на понудата од бугарската компанија Балкан Јутилитис

Во реакцијата ЕСМ пишува: Ако Макпетрол имале сознанија дека цената во јанаури ќе има тенденција на спуштање, требало да даде понуда со пониска фиксна цена, која ЕСМ Продажба ќе можеше да ја земе предвид за разгледување, заедно со другите, кои доставија фиксна цена.

Од Макпетрол, пак, уште пред Нова  Година во соопштение, наведоа дека нивната понуда не била со фиксна цена, токму поради проценките дека гасот во следниот период ќе поевтини, и дека поради тоа цената на македонската фирма многу е веројатно да биде пониска од таа на бугарската компанија.

Во меѓувреме, гасот на берзите почна значително да поевтинува. Поради ваквиот пад, над еден милион евра со вклучен ДДВ, е разликата во цената која што ЕСМ ќе ја плати за набавка на гас на бугарската фирма „Балкан јутилитис“ откако ја прифати ниваната понуда со фиксна цена, а ја одби онаа на „Макептрол“ со променлива во зависност од движењата на берзата.

Пресметките покажуваат дека со вчерашната цена на берзата, понудата коja Макпетрол ја има доставено до ЕСМ е за 12,2 евра пониска од онаа на „Балкан јутилитис“. Со  ова се поставува прашањето зошто ЕСМ фаворизираше понуда со фиксна цена,  во услови на  поевтинување на овој енергенс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе