Вести Економија Топ вести

Пазарна инспекција во лов на високи цени на храната

Празниците одминуваат, скапите цени на храната остануваат. Декември полн со ветувања за снижувања, новата години со скромни намалувања на основната храна. Спласнуваат очекувањата и на граѓаните, по честите најави на владата. Реагираат дека дел од храната е со изгор цени и недостижна за општиот стандард на граѓаните.

Прво пониски сметки за струја во јанаури, а потоа најавените снижувања е ставот на прехранбената индустрија. По дел од пекарската дејност, најава за пониско свежо месо најавија и од месната индустрија.

Сѐ уште се водат интерни разговори. Првичните проценки се дека ќе успееме како домашни производители да испорачаме и до 20 денари пониска цена на свежото месо. Очекувањата се дека таква одлука ќе има по 19-ти јануари. Но, останува за институциите да продолжат со контроли на влезните цени и маржите кај трговците за да можат граѓаните да добијат и до 10 отсто пониско цена на дел од свежото месо, информираат од Телма од месната индустрија.

Надлежниот пазарен инспекторат е на терен и во лов на прекршителите на маржите на дел од основните прехранбени продукти. Оваа седмица ќе се проверуваат сите трговци во делот на продажба на храна. Резултите се очекуваат по божиќните празници, информираат за Телма од пазарниот инспекторат.

Најавените 10 отсто поефтина цена на дел од основната храна се очекува да се ревидира по 15-ти овој месец кога ќе стасаат и фактурите од ЕВН за 230 производители кои се пријавија кај МЕПСО за да користат субвенционира електрична енергија по цена од 85 евра за мегават час.

Според последните проверки на инспекторатот наодите од терен говорат дека во втората половина на декември има благ тренд на намалување, посебно на лебот од 3 до 5 денари по парче, на млеко за 2 до 9 денари и кај маслото за јадење каде што има постојан тренд на опаѓање на цената.

Државниот пазарен инспекторат годината ја почнува со нова стратегија. Превенција наместо санкции за трговците е мотото на новиот флаер со концизно објаснување во скратена форма на делот за попусти (намалувања на цените) за да можат граѓаните полесно да ги остварат своите права и да дојдат до пониски цени на понудените производи во маркетите.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе