Вести Економија Македонија

Градоначалниците од југоистокот задоволни дека барем не направиле нови долгови минатата година

Добро, како за кризна година. Без некои брилијантни успеси но најдобро што може да се извлече од дадените услови.

Вака ја коментираат изминатата 2022 година градоначалниците од југоистокот. Без поголеми задолжувања, со враќање на дел од напластените долгови и солидна реализација на буџетите на поголемиот број општини.

Според  радовишкиот градоначалник, Ацо Ристов, направени се многу кратења за да се реализираат предвидените инфраструктурни проекти.

И струмичкиот градоначалник Костадинов смета дека 2022 година поминала солидно. Вели дека не се откажале од инвестициите, иако поскапената електрична енергија им „изеде“ сериозни пари од буџетот.

Задоволен е и градоначалникот на руралната општина Василево, Славе Андонов.

Тој потенцира дека општината вратила затекла долг од околу еден милион евра и блокирана сметка, но почнале полека да намалуваат од долговите.

Во просек, сите десет општини од Југоистокот успеаа да реализираат околу 80 проценти од ланскиот буџет.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе