Вести Економија Топ вести

Скапа храна и висока инфлација и во наредната година

Благо намалување на цените на прехранбените производи има во супер маркетите, дециден е министерот за економија Крешник Бектеши. Ако е потребно порача дека ќе бидат преземени и други мерки во насока на намалување на цените на продуктите. Смета дека по инспекциските надзори трговците ја примиле пораката, за да ги коригираат цените на основните производи.

Мерката за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи која истекува на крајот на месецов ќе биде продолжена до април идната година, до кога е прогласена и енергетската криза.

Колкаво ќе биде намалувањето на цените на производи за јануари дополнително Владата ќе информира, бидејќи во моментов се прават анализите со компаниите и стопанските комори.

Премиерот Ковачевски, пак денеска од пуштањето на делницата Крупиште-Кочани најави дека во првиот квартал од наредната година ќе има зголемување на минималната плата за работниците, која би изнесувала над 20.000 денари. Смета дека стопанството ова може да го издржи.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе