Вести Економија Топ вести

„ЕСМ Продажба“ објави повик за снабдување со природен гас на топланите и другите потрошувачи во државата

„ЕСМ Продажба“ објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количества на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател „Промгас – Макпетрол“, со кој досега имавме договор не достави понуда, од страна на „ЕСМ Продажба“ е распишан нов повик, информираат од АД ЕСМ.

Како што нагласуваат, повикот ќе биде од отворен карактер и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1 јануари до 30 април 2023 година.

„Макпетрол“ вчера соопшти дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи. Како причина за ова од компанијата се наведуваат новите услови за работа кои се наметнуваат со, како што велат, прерано потпишаниот договор помеѓу „Гама“ и „Булгартранс гас“ од Бугарија. Со овој договор досегашните услови по кои Макпетро  купуваше и испорачуваше гас до своите потрошувачи, повеќе не важат.

Од причина што до овој момент не се донесени подзаконските акти согласно Законот за енергетика, кои ќе го регулираат работењето на пазарот на природен гас во согласност со договорот за интерконекција, „Макпетрол“ АД Скопје нема можност да отпочне со новите услови на работа предвидени со новиот Договор за интерконекција. Дополнителен проблем претставува и фактот што и по 5 (пет) години од донесувањето на Законот за енергетика сè уште нема сертифициран Оператор на системот за пренос на природен гас, кој е должен да ги донесе потребните подзаконски акти, велат до компанијата.

Од Макпетрол побарале да им се овозможи да работат по старите правила и тоа до септември следната година, за да  се остави простор да може да се донесат сите сите подзаконски акти и  учесниците на пазарот со гас да може да се прилагодат на новиот начин на работа. За ваквата сосотјба од компанијата ги информирале сите релеватни иснитуции.

Макпетрол од 1-ви јануари нема да купува и испорачува гас за своите потрошувачи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе