Летото во Македонија и на северната Земјина полутопка официјално започна денеска во 10:24 часот со летниот солстициј – астрономски настан што го означува најдолгиот ден и најкратката ноќ во годината. Во истиот момент, на јужната полутопка започна зимата.
Во Скопје, Сонцето изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:13 часот, што значи дека денот ќе трае 15 часа и 14 минути. Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со можност за ретки грмежи во северозападните делови од земјата во попладневните часови.
Според прогнозите, максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени Целзиусови.
Летото годинава ќе трае до 23 септември во 02:05 часот, кога календарски ќе започне есента.
