Вести Македонија Топ вести

(видео)Грковска за Јовески во Топ Tема: Не треба да биде уставен судија, бидејќи не го постигна она што требаше како Републички јавен обвинител

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија, е личниот став на вицепремиерката Славица Грковска што го истакна во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма.

„Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија“, изјави Грковска.

Владата, вели таа, ги направила сите предуслови што се барале од неа, како зголемување на буџетот на обвинителствата, вклучително и вработувањата.

„Меѓутоа, Владата не може да го организира јавниот конкурс и изборот на истражители. Тоа е, сепак, обврска на правосудните органи“, вели Грковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе