По одигрувањето на натпреварите од последното коло во А и Б групата познати се уште четири селекции кои го продолжуваат настапот на Мундијалот во Катар.
На репрезентациите на Франција, Бразил и Португалија денеска им се приклучија уште селекциите на Холандија, Сенегал, Англија и САД.
Токму овие четири национални тима ги формираат првите осминафинални двојки на Мундијалот.
За влез меѓу осумте најдобри на планетава ќе се соочат Англија – Сенегал и Холандија – САД.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
