Французинката, Стефани Фрапар ќе влезе во историјата на Светските првенства како прва дама која ќе има чест да дели правда на еден натпревар.
Фрапар е делегирана за утрешниот натпревар меѓу Германија и Костарика, а женското судиско трио ќе го комплетираат Мексиканката Карен Дијаз Медина и Неуза Бек од Бразил.
Фрапар и нејзините колешки веќе беа дел од мечевите на Мундијалот бидејќи беа делегирани како четврти арбитри, но сега ќе имаат шанса да ја делат правдата на еден натпревар.
Натпреварот Германија – Костарика директно решава која од двете селекции ќе оди понатаму. Мечот се игра на стадионот Ал Бајт и почнува во 20 часот.
ФОТО: Игор Паневски
