Спорт Фудбал

Аргентина против Полска за пласман во осминафиналето

На Светското првенство во Катар денеска ќе бидат познати уште две осминафинални двојки.

Всушност бранителот на трофејот Франција ќе го добие противникот за првото коло во елиминациската рунда откако Триколорите на две кола веќе беа сигурни за следната фаза.

Репрезентацијата на Аргентина против Полска го игра клучниот дуел за влез меѓу првите две во групата. На Гаучосите им е потребна победа бидејќи со евентуален нерешен резултат судбината нема да зависи само од нив туку и од епилогот на мечот Мексико – Саудиска Арабија.

Директен дуел за пласман во следната фаза ќе играат и Австралија и Данска.

Данците во овој меч влегуваат со само еден бод, два помалку од Австралија и за второто место им е потребен триумф додека на противникот за продолжување на настапот доволен му е и бод.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе