Не сакаме повеќе да чекаме симнување на спортските санкции од УЕФА, изјави Александар Дјуков, претседател на Фудбалската федерација на Русија, пренесува „Лекип“.
„Иако пред неколку месеци реков дека е рано за размислувањето за Азија, сега верувам дека е тоа прилика што треба да се разгледа“, порача Дјуков.
Сè уште е нејасно како би можел да се реши проблемот за настапи на Русија на меѓународните натпреварувања, бидејќи, покрај УЕФА, спортски санкции за Русија наметна и ФИФА. И натаму нема сигнали кога УЕФА и ФИФА би можеле да ги симнат санкциите за Русија кои се однесуваат и на клупскиот и на репрезентативниот фудбал.
