Вести Македонија Најважни

Битиќи негира дека контактирал со Онишченко, опозицијата обвинува за подлабоки мотиви

„Тврдењата се неточни“. Ова е единствениот коментар од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, откако синоќа потпретседателот на најголемата опозициска партија изјави дека, мотивите зад државјанството на украинскиот контоверзен бизнисмен се многу подлабоки од тоа што првично се добива како впечаток.

Опозицијата бара одговорност и поради отсуството на внатрешна контрола во АНБ, но и од министерот за внатрешни работи, од причина што се дадени неточни податоци од страна на Онишченко, а од МВР кои се одговорни за ова не ги провериле податоците. Поради клановски пресметки во СДСМ, велат, најважната безбедносна служба е обезглавена, а власта не си прави кворум сама на себе во собраниската комисија во која има мнозинство.

Денеска и премиерот ги повика пратениците од Комисијата за надзор на работата над АНБ конечно да заседава за овој случај, а МВР што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворена седница на парламентарна Комисија да биде пренесувана во живо.

Владата на затворена седница донесе заклучок со кој ги задолжи релевантните институции во државата да почнат активности за одземање на доделеното државјанство на Олександер Онишченко.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе