Првиот голмански избор во селекцијата на Велс, Шон Хенеси е првиот фудбалер на Светскиот шампионат кој мораше предвреме да го напушти теренот.
Велшкиот чувар на мрежата беше исклучен откако направи прекршок надвор од шеснаесетникот врз еден од противничките фудбалери.
Хенеси е само третиот голман во историјата на Мундијалите кој бил исклучен и им се придружи на колегите Итумеленг Куне од Јужна Африка и Џанлука Паљука од Италија.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
