Вести Економија Најважни

Рамадани за Телма: „Скопје-Север“ доби забрана за работа на мазут, топланата продолжува да работи исклучиво на гас

Топланата „Скопје-Север“ доби забрана за користење на мазут, гориво кое го користи од пред три дена. Инспектори од Секторот за животна средина на Град Скопје излегле на терен и издале забрана за користење на алтернативно гориво, информација што ја потврди Куштрим Рамадани, директор на топланата „Скопје-Север“, за Телма ТВ и додаде дека процесот продолжува на природен гас.

„Да, изречена е забрана за работа на мазут. Согласно еколошката Б дозвола со која располагаме должни бевме да го известиме Град Скопје дека преминуваме и на секундарно гориво – мазут што и сторивме. Не знам што е спорно. Производствениот процес продолжува исклучиво на гас. Количините се обезбедни до крајот на годинава, но ни фалат финансиски средства кои треба да ги одобри Владата за да се надмине разликата во признатиот и реалниот трошок за цената на гасот“, изјави Куштрим Рамадани, директор на топланата „Скопје-Север“ за Телма.

Или целосен закуп на топланатa или ЕСМ да набавува гас за потребните на „Скопје-Север“, а претпријатието да гарантира со имотот дека ќе го врати долгот. Ова се двете опции кои Владата и ги нуди на оваа топлана за да може да добие помош оваа грејна сезона.

Скопје Север работи и на мазут, допрва се бара компанија за мерење на штетните гасови

Рамадани: Секако дека гасот е далеку поприфатлив, но загадувањето од мазутот ќе биде минорно

Само договор за закуп ќе ја спаси топланата Скопје Север

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе