Вести Економија Најважни

Само договор за закуп ќе ја спаси топланата Скопје Север

Или целосен закуп на топланатa или ЕСМ да набавува гас за потребните на Скопје Север, а претpијатието со имотот да гарантира дека ќе го врати долгот. Ова се двете опции кои Владата и ги нуди на оваа топлана за да може да добие помош оваа грејна сезона. Претпријатието поради немање на финансии од вчера за загревање го користи и мазутот. Од властите пак велат ако менаџментот на Север се одлучи за било која варијанта веднаш ќе се отвори простор за да им се помогне, но тврдат одговор од таму за ова нема.

Првиот човек на топланата Скопје Север Рамадани за Телма вели дека во ред е да има закуп, но мора да се најде решение што ќе се прави и со вработените во претпријатието.

Ова не е ист случај како со закупот на топланите Исток и Запад од Адора, затоа што Адора немаше вработени, ние имаме, тие не вршеа дејност парно, а ние имаме историја од 23 години, така што сите овие работи треба добро да се договорат. Но,  препорачуваме состојбата на претпријатието да остане вака како што е сега, да добиеме и ние помош за да не се комплира работата со закуп на топланата, вели Рамадани за Телма.

Рамадани тврди и дека до петок компанијата ќе ги направи и сите мерења на штени честички од согорувањето на мазутот.

Познавачите пак велат дека освен што загадува, мазутот и полошо согорува во топланите, и загубите во пари се многу поголеми. Сметаат дека се додека има гас тој треба да се користи.

Топлатата Скопје Север од вчера  работи комбинирано и на гас и на мазут, затоа што нема доволно  финансии за да обезбеди гас, за до крајот на сезоната. Количините на мазут се користат од резервите на претпријатието. За овој потег од Скопје Север тврдат дека имаат еколошка дозвола издадена од Град Скопје која ги обврзува да прават и мерења, и да не ги преминат границите на емисиите во воздухот кои се пропишани во дозволата, но и да достават спецификација за квалитетот и количините од горивото.

Според дозволата претпријатието кога ќе премине на алтернативно гориво мора да го извести и Градот. Но од таму нема одговор дали Север го направиле тоа пред да  почнат да го користат мазутот. Од Министерството за животна средина, иако во овој случај не се надлежни велат дека ќе ќе разгледаат врз основа на што е издадена дозволата. Преговорите за помошта меѓу раководството на Скопје Север и Владата, односно ЕСМ траат повеќе од еден месец.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе