Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески објави снимки од 12 и 13 јуни на кои се гледаат пет млади како се во училишниот двор, по што еден од нив се качува на контејнер, а друг го турка. Потоа туркаат и расфрлаат и друг дел од опремата поставена во дворот. Лицата се идентификувани и поднесена е соодветна пријава.
Според Митески, и на други локации имало уништување на урбана опрема, на детски игралишта и други јавни содржини.
Поради ова, тој најави дека од МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации.
