Вести Македонија

Јолевски: Треба да му се остави простор на Абази

По изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за огранизиран криминал и корпуција, за кој јавноста реагираше дека е непознат и се правеа паралели со изборот на Катица Јанева при формирањето на СЈО, претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, вели дека фелата е мала, и иако сите се изолирани едни од други, во смислам дека секој работи во својот регион, сепак многумина се познаваат.

Тој е член и на дисциплинската комисија, член е и на етичкиот совет во јавното обвинителство и како виш обвинител учсетвувал на повеќе советувања. Ние сме ограничен број, рече Јолевски.

Тој се осврна и на недостатокот на обвинители, посочувајќи го тој факт како една од главните причини за застоите во предметите.

Во моментов сме 163 од потребни 244 обвинители. Од систематизираниете, иако не можеме никако да најдеме колку е таа оптимална бројка за да направиме вистинска системаизација, никогаш не сме дошле до таа бројка од 244, па да речеме дека таа е оптимална бројка, или треба повеќе. Во овој момент ОЈО ГОКК има многу повеќе обвинители отколку поеќе обвинителства. Во моментов три обвинителства немаат ниту еден обвинител, Гевгелија има само еден обвинител, Кичево има два, Тетово до вчера имаше само два, а сега има три од потребни десет. Тие се тие проблеми кои создаваат пробел и за избор во Советот кога треба да бираме за повисоки обвинителства, а и за ОЈО ГОКК, вели Јолевски.

Вели дека треба да му се даде простор на Абази да се докаже, особено затоа што неговите резултати како раководител на гостиварското обвинителство се неспорни.

Затоа ќе треба овој обвинител таму да менаџира како што менаџираше со Гостиварското обвинителство, и од неажурно да го направи ажурно обвинителство, во кое ќе постапуваат обвинителите, нормално и со негово учество. Затоа велам, треба да му оставиме простор, да видиме како ќе се покаже, бидејќи во гостиварското обвинителство имаше илјадници предмети, не стотици, па дојдоа до ситуација да го исчистат остатокот во неговиот период од 4 години, со нормално ангажирање на основите обвинители, вели Јолевски.

Нема дилеми дека потребни се дополнителни ресурси за обвинителството како целина, смета поранешниот антикорупционер Малиновски, но исто така посочува дека раководењето со вишо обивнителство и раководењето со ОЈО ГОКК не е исто.

Тежината, или околностите во кои ќе ги извршува функциите во ова обвинителство се многу поделикатни, отколку во Вишото, вели Малиновски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе