Култура

Ретроспектива во МСУ на Симон Узуновски- уметник кој делуваше против конвенциите во македонската уметничка пракса

Музејот на современа уметност е домаќин на големата постхумна ретроспективна изложба на уметникот Симон Узуновски. Изложбата под наслов „ Пат за Волкодери- Ретроспектива“, ќе биде отворена во вторник (13.септември), во 20 часот.

Изложбата е фокусирана на творештвото на Симон Узуновски ( архитект, концептуален уметник и сценограф), кој својот пробив на домашната ликовна сцена го направи во 70-ти години на 20 век. Со својот радикален пристап, Узуновски делуваше против востановените конвенции и стереотипи на дотогашната ликовна сцена во Македонија. Неговиот богат и разновиден творечки опус беше граден безмалку половина век. Делата беа создавани во различни медиуми, но клучен белег за Узуновски е употребата на селотејп лентите како материјал за креирање на неговите дела.

На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100  дела. Меѓу нив има објекти, фигури, колажи, цртежи, асамблажи и апликации изведени со леплива лента или селотејп на стакло или хартија. Неповторливите инсталации, перформанси и акции во кои Узуновски инволвира широк круг пријатели, колеги, познаници и публика за создавањето или изведбата на повеќе негови дела, ќе бидат претставени со обемна фото документација. Таа ќе го долови времето на 70-те години и ентузијазмот и енергијата со кои уметникот успеја да ја прошири идејата за демократизацијата на уметноста и нејзиното приближување со манифестациите од секојдневниот живот.

Историчарите на уметност Марика Бочварова Плавевска, Зоран Петровски, Љиљана Неделковска, Валентино Димитровски и Лазо Плавевски, блиски пријатели на Узуновски и директни сведоци на неговото делување во 70-те години  на 20 век, ќе го претстават творештво на Симон Узуновски, кој важи за пионер на уметничките партиципативни инсталации во Македонија. Куратор соработник на изложбата е Благоја Варошанец, а во подготовките свој придонес дадоа и конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска.

Узуновски почина во Скопје 2018 година, на 69 годишна возраст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе