Култура

Подршка за младите уметници најави од Прага министерката за култура Костадиновска- Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на посетата на Прага, претпладнево во Амбасадата на Северна Македонија се сретна со млади македонски уметници и студенти кои живеат во Чешка.

  • Во Годината на младите во Европската Унија, силно сме посветени на што поголема поддршка и усовршување на нивните интереси, образование, вештини. Се сретнав со македонски уметници  и студенти по уметност во Прага, признат универзитетски центар во Европа. Искуствата на овие млади луѓе се оние врз кои се базираат и европските практики за развивање програми за размена на младите од цела Европа, како и за поддршката на иницијативите што ги нудат во областа на филмот, креативните индустрии, заштитата на културното наследство и новите технологии“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Средбата се оствари со млади професионални кадри од различни уметнички профили, од кои некои се родени во Чешка, а некои во Северна Македонија, некои останале да живеат и да работат по студиите во Прага, а некои ги одржуваат врските со својата земја.

  • Во конструктивна атмосфера со овие млади македонски професионални кадри од уметноста, разговаравме за начините како заеднички да ги спроведуваме политиките за зајакнување на културата, на македонскиот јазик, на идентитетот на државата. Исто така, стана збор за начините како да се спроведат нивните иницијативи заедно со заложбите на Министерството за култура за активно вклучување на младите професионалци во евроинтегративните процеси на земјата и во Агендата за култура на Западен Балкан на ЕУ, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

На средбата, младите уметници ја изразија потребата од зацврстување и унапредување на соработката со Северна Македонија. Стана збор за изнаоѓање механизми за поголема мотивираност на младите и спроведување на нивните иницијативи, поддршка на нивните идеи што, секако, ќе придонесе и за поголема промоција и афирмација на македонската култура.

Министерката Костадиновска-Стојчевска ги сподели политиките што се поставија на  министерскиот состанок во Тирана, во јуни оваа година, а се во функција на развивање програми за размена на млади луѓе од цела Европа, кои ќе ги презентираат културните традиционални особености – културното наследство, разноликостите и вредностите на земјата од која потекнуваат, како и поддршка за проекти и иницијативи кои ќе ја подигнат свеста за европското културно наследство кај младите луѓе преку традиционални образовни методи и модерни дигитални технологии.

Вечер во Прага, со претставата „Антитело“ во продукција на ФДУ од Скопје, завршува тридневната манифестација „Денови на македонската култура“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе