Култура

Драмски со „ My name is Goran Stefanovski“ на фестивал „ Театарот на крстопат“

Драмскиот театар Скопје, со претставата „My Name Is Goran Stefanovski , во режија на Бранислав Миќуновиќ гостува на фестивалот  „Театар на крстопат“, во Ниш. Претставата ќе биде изведена утре вечер (сабота – 10 септември).

„ My name is Goran Stefanovski“, е театарски чин работен како омаж на творештвото на Стефановски. Драматизацијата е компилација од 7 , непоставени текстови на Стефановски во Драмски. Со тоа беше остварена амбицијата на театарот, целокупното драмско творештво на нашиот голем драматичар да биде одиграно на оваа сцена.

Претставата зборува за потрагата по идентитетот на современиот човек, во светот заглавен во конзумеризам и се помалку слобода за поединецот. Праизведбата беше на крајот на март оваа година, а претставата обиколи повеќе фестивали во регионот до сега.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе