Култура

Никола Ристановски награден за најдобра машка улога на фестивалот „ Нов тврдина театар“

Актерот Никола Ристановски освои награда за најдобра машка улога на фестивалот „ Нов тврдина театар“, кој се одржа во Нови Сад. Ристановски е награден за ликот на д-р Томас Стокман, што го толкува во претставата „ Народен непријател“, со која МНТ настапи на фестивалот. Претставата по текстот на Хенрик Ибзен ја постави режисерката Нина Николиќ. Таа беше прогласена за најдобра на годинашниов МТФ „ Војдан Чернодрински“, а Ристановски и таму освои награда за најдобра машка улога. Претставата „ Народен непријател“ , е дел од повеќегодишниот европски проект во кој беше вклучен МНТ, насловен „ Патиштата на хероите“.
Во официјалната програма на 9 фестивал „ Нов тврдина театар“ учествуваат 6 претстави од најголемите театарски куќи во регионот.
За наградите одлучуваше жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка, и Ивана Ѓуриќ- Пауновиќ, литературен преведувач.
Ристановски, веќе 30 години успешно ја гради својата актерска кариера во Македонија, но и надвор од нејзините граници. Остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги и воедно е најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.
Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува во Италија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе