Култура

Од вечерва нов фестивал на дуодрама во Неготино

Со изведбата на дуодрамата „ Кислород“, работена по текст на Иван Вирипаев , во режија на Иван Јерчиќ, а во продукција на НТ- Битола, вечерва во 19 и 30 часот, во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“- Неготино, започнува првото издание на фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев “.

Фестивалот ќе трае до 9 септември, а на програмата се дуодрами во продукција на театарот Комедија, независните театари „ Провокација“ и „ Златен елец“, сите од Македонија и “ Сцена маска“ од Србија.

На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени: награда за најдобра машка улога, награда за најдобра женска улога, најдобра режија, специјална награда и гранд при за најдобра претстава. По врачувањето на наградите ќе биде изведена стенд ап комедија со Валентино Костадиновски и Атанас Атанасовски.За наградите ќе одлучува жирито, во состав: Благоја Чоревски – Чоре (актер), Мирјана.П.Ристов (актерка) и Билјана Крајчевска (драматураг). Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов.

Фестивалот на дуо драмата „ Бранко Ѓорчев“, е во организација на Општина Неготино и театарот „Провокација“, од Скопје. Главен покровител и иницијатор е Општина Неготино. Концептот и логистиката за фестивалот се на театарот „ Провокација“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе