Култура

Филмот„ Барајќи ја Венера“ награден за најдобро сценарио на фестивалот во Тетово

Долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“, снимен по сценарио и во режија на Норика
Сефа, а работен како косовско-македонска копродукција, ја освои наградата за најдобро
сценарио во главната натпреварувачка програма „Cine Balkan Panorama” на
Интернационалниот филмски фестивал во Тетово.

Филмот раскажува приказна за скромната тинејџерка Венера која живее во мало
село на Косово. Во нејзиниот дом живеат три генерации, така што таа нема многу
приватност. Надвор, на улиците и во кафулето, не е многу подобро: селото е мало и
секогаш има брат, внук или сосед, кој внимава на неа. Од неа како девојка се очекува
пред сè да ја чува својата добра репутација и таа на нејзиното семејство.

„ Барајќи ја Венера“, е дебитанско остварување на режисерката Норика Сефа и беше
препознаен од македонските продуценти и Агенцијата за филм на РСМ, која финансиски го
поддржа. Зад филмот на Сефа, од македонска страна стои продуцентската куќа
„Аудиохаус“, односно Игор Поповски и Дејан Крајчевски, а од косовска страна
продуцент е Бесник Крапи. Како кинематографер на филмот беше ангажиран Луис
Армандо Артеага од Венецуела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе