Вести Култура

Детското ликовно студио од Битола протестираше пред МОН поради прекин на финансиите

Овие вредни раце на членовите на Детското ликовно студио  „ Св. Кирил и Методиј“, од Битола денеска сликаа во Паркот на новинарите, спроти зградата на МОН. Но , не се работи за креативен, туку за чин на протест. А, причина е запирањето на финансиите од страна на МОН на Детското ликовно студио кое 4 децении ја организира Меѓународната детска ликовна колонија „ Мал битолски Монмартр“- наш бренд препознаен од светот и од UNESCO.Прекинот на финансиите за плата на секретарот и за сметки за струја и телефон е од средината на јули и од тогаш трезорската сметка на ЛС е блокирана, па ни времената помош од Општина Битола не можат да ја добијат. Како што им било кажано од министерот за образование Шаќири повеќе нема да бидат финансирани зашто е противзаконски МОН да подржува здружение на граѓани.

  • Тоа се некои измени во законот кои што спречуваат државата т.е. министерството да финансира здружение на граѓани, а биле донесени 2009- 2015 година. Не ги најдовме. При тоа имаме една конфузна ситуација. Едно министерство не нејќе, друго не сака парцијално, вели Славчо Неделковски- претседател на Управен одбор на Детско ликовно студио „ Св. Кирил и Методиј“

Откако од ЛС јавно реагираа за проблемот, од Министерството за култура рекоа дека ќе го подржат „ Мал битолски Монмартр“. Но, од Студиото ја одбија понудената помош, со образложение дека е крадење на брендот.

  • Т.е. предавање на брендот на Центарот за култура од Битола, што значи ќе станеше под државна капа. Ние никогаш немаше да имаме авторски права за нештото. Како студио ние решивме дека тоа не е решение, смета Неделковски.

Министерот за образование на денешната прес конференција во Влада кажа дека финансирањето на ДЛС од Битола не е запрено и дека согласно законските измени ако има можности тоа ќе продолжи. Додека не се разјасни финансиската ситуација од ДЛС продолжуваат со собирање донации.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе