Вести Култура Македонија

Синоќа во Битола затворено 43 издание на ИФФК Браќа Манаки

Со проекцијата на македонскиот филм  „Снежана на крајот умира“,  синоќа во Битола се затвора  43 издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

Од 14 светски филмски остварувања во главната конкуренција, Златната камера 300 отиде во рацете на кинематограферот Рубен Импенс за шпанскиот  филм „Осумте планини“

Сребрената камера 300 ја освои директорот на фоторграфија Дарија Дантони за италијанскиот филм „Божја рака“, а пак бронзената камера 300 интернационалното жири одлучи да му ја додели на јапонскиот  кинематографер Хидетоши Шиномија за филмот „Вози ја мојата кола“.

На церемонијата на свеченото затворање на британскиот кинематографер Џон Метисон му беше врачена специјалната камера 300 за особен придонес во светскиот филм.

Метисон е познат како директор на фотографија на ремек делата Гладијатор, Фантом од операта, Кралот Артур, Робин Худ, Ханибал и многу други филмски оставрувања

Фестивалот годинава траеше 8 дена, а беа прикажани над 60 филмови во сите категории.

„Посакувам да го имам својот фотоапарат да ве сликам јас вас додека ми ја доделувате наградата, а не вие мене, можеби не сум и соодветно дотеран за тоа. Луѓето не знаат колку е тешко страници и страници црно бел текст да е преточат низ камера тука и тоа на визуелен јазик. Ова не е  обид да се зачува јазик на некоја група што го зборува, затоа што визуелниот јазик секој го рабира. Така и почанло се, било потребна музика, но не биле потребни зборови. Кога снимале Браќа Манки имало само слики, а сликите сите ги разбираат“ – изјави добитникот на златна камера 300, Џон Метисон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе