Вести Култура Македонија

Еколошки теми доминираа во филмовите на 13-тиот Македокс

Климатските промени и загадувањето на воздухот и водата како еколошки теми, доминираа во 70 филмови, прикажани на фестивалот за креативен , документарен филм „ Македокс“, чии 13 издание завршува вечерва.

Тоа ја покажува засегнатоста на авторите за овие современи деликатни прашања, велат од програмскиот тим на фестивалот.

„Очигледно овој проблем најмногу ги засега документаристите од целиот свет. Ние како програмски тим секоја година се трудиме да најдеме некој пооптимистички документарен филм, но за жал такви се помалку и помалку има“ – вели Петрула Велјановска од програмскиот тим на Македокс.

Авторите на документарни филмови се свесни дека не можат да го променат светот.

Но, мали промени може да постигнат доколку преку филмовите ги освестат гледачите за позадината на негативните појави, вели инстакнатиот холандски документарист и режисер, Џон Апел , кој годинава беше дел од жирито на филмовите во главната натпреварувачка програма.

„Единствено што вие можете да направите е да им покажете на луѓето што навистина се случува од внатре. И да ги освестите за тоа што се случува навистина во позадината на вестите и на пропагандата“ – вели авторот на документарни филмови, режисерот Џон Апел.

На „ МакеДокс“ годинава беа прижани остварувања и со социјални и универзални теми. Еден од нив беше израелскиот „ Летни ноќи“, кој лани беше прогласен за најдобар документарец во земјата и на фестивалот „ Докавив“.

Во фокусот се авторот на филмот и неговиот 6 годишен син.

„Филмот го истражува татковството и начинот како тоа се менува низ годините. Филмот ја портретира мојата врска со татко ми и врската што ја имам со моето дете“ – вели авторот на филмот, Охад Милдштајн.

Земја во фокусот годинава беше Чешка . А покрај проекциите, разговорите под смоквиното дрво и одржаните мастеркласови со докажани документаристи, во рамките на фестивалот беше отворена изложбата на фотографии „ Спојка“, од нашиот монтажер Дорјан Миловановиќ, кој го портретира современиот човек.

Синоќешниот дожд не го спречи доделувањето на наградите во категориите „ Кромид„ „ Млад кромид“, „ Сечкан кромид“, „ Кокарче“ и за филм со најдобри етички идеи.

Посебно признание во категоријата „ Кромид“, освои филмот „ Вознемирена земја“ , на нашата Кумјана Новакова и Шпанецот Гиљермо Карерас- Канди.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе