Вести Култура Македонија

34-тото издание на фестивалот Браќа Манаки започнува вечерва во Битола

Во Битола се е подготвено за вечерашното  отворање  на 43 издание на фестивалот Браќа Манаки, кое се одржува  под мотото Реалноста не е доволна. Златната камера 300  за животен опус  ќе му биде доделена на  британско-данскиот  кинематографер Ентони Дод Ментл, кој веќе пристигна  во Битола.

-Ентони Дод Ментал, добитник на главната награда,  е првиот кинематографер  награден со Оскар кој што снимал со дигитална технологија , англискиот филм  Милионерот од предградијата. Тој е во таа прогресивна пионерка традиција, рече директорот на ИФФК Браќа Манаки, Симеон Мони Дамевски.

По свечената церемонија, следува проекција на францускиот филм  Мајка и син на режисерот Леонор Сераије кој беше награден на Канскиот фестивал. Во официјалната конкуренција  ќе бидат прикажани вкупно 14 филмови. .

-Тоа се 14 феноменални филмови, кои што освоија многу награди, но и со силен авторски печат  и особено со висока визуелна естиетика, што е еден од главнте критерими во официјалната програма. Ние го славиме филмот, изјави Салаѓан Пенев, селектор на фестивалот ИФФК Браќа Манаки Битола.

На фестивалот Браќа Манаки премиера ќе има  македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски. Вториот македонски филм е „Мими”, во режија на Даријан Пејовски Паралелно со филмската програма во Центарот за култура и во киното „Манаки“, во дворот на  на Офицерскиот дом ќе има ревијални проекции на македонски филмови . Во оф програмата ќе е има и изложби, настапи на музичари и настани кои ја презентираат битолската традиција.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе