Вести Македонија Најважни

Поднесена кривична пријава за клубот „Иван Михајлов“ во Битола

Основното јавно обвинителство од Битола постапува по две кривични пријави за регистрацијата и функционирањето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Едната е поднесена во мај од политичката партија Левица и се однесува на цитат од Ванчо Михајлов кој е врамен до неговите портрети во внатрешноста на клубот, со кој тој ја негира македонската нација. Другата кривична пријава е поднесна од граѓани, велат од обвинителство и додаваат дека од двете пријави е оформен еден предмет, а обвинител постапува и прави проверки за целокупниот процес на регистрација и работа на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Исто така обвинителството е во комуникација и со Државната комисија за заштита и спречување на дискриминација која пак постапува по претставка од друго здружение за дискриминација по етничка и национална основа.

Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

Истовремено охридското јавно обвинителство денеска оформи предмет и за охридското здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а потоа и здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид се формирани од Бугари во Македонија, а нивната работа и имињата кои ги носат, на контроверзни историски личности, покренаа лавина реакции во јавноста, но и го отворија прашањето за измени на Законот за здруженија и фондации.

Министерството за правда вчера соопшти дека работната група ќе се состане до крајот на неделава. Во меѓувреме фондација од Бугарија која го носи името „Македонија“, најавува дека веќе се поднесени документите за формирање на уште едно здружение во Богданци со името на „Цар Фердинанд“.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

Дејан Дејан

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе