Вести Македонија Топ вести

Во второ одделение од септември ќе се изучуваат идентитети, а во петто одделение се спојуваат предметите Историја и Општество

Основците одмораат, институциите им кројат наставна програма. Промени ќе има и тоа во второ и петто одделение. Идните вторачиња преку новините наведени во програмата ќе треба да научат како ги препознваат и да се справуваат со емоциите, а исто така во предметот Општество ќе треба да идентификуваат идентитети, согласно новата концепција за основно образование.

Ученикот/ученичката да ги идентификува различните компоненти на сопствениот идентитет кој се гради врз основа на припадноста на различни социјални групи (на пример: родов, етнички и национален идентитет) и на различните улоги кои ги има во животот (на пример: ученик, син/ќерка);, се наведува во наставна програма за второ одделение

Понатаму во материајлите објавени на Бирото за развој на образованието за предметот Општество за второ одделение, во подрачјата Дигитална писменост, Личен и социјален развој, Техника и технологија, наведено е дека ученикот ќе треба да знае и умее да процени кога и на кој начин за решавање на некоја задача/проблем, е потребно и ефективно користење на Информатички комуникациски технологии. За да можат наставниците да спроведуваат дигитализација, наставната програма предвидува во наставата да се користат Компјутер, проектор, дигитални уреди (фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред), но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“ и градинарски алат. И петачињата во училиштна клупа ќе седнат со новини. Наместо два предмети, Историја и општество ќе се учи од еден учебник за една оценка. На кррајот од годината ќе треба да имаат чувство на припадност кон државата.

Ученикот треба да знае да ги идентификува и почитува сите национални симболи на државата Република Северна Македонија и да манифестира чувство на припадност кон државата“. Ученикот треба да ги идентификува географските карактеристики на континентите, регионите и државите во светот и да ги поврзува со нивниот општествен развој. Да ја објаснува важноста на демократските процеси во општеството и да ги применува принципите на демократско учество во рамките на училиштето, наведено е во документот.

Товарот и одговорноста е кај наставникот. Тој според наставната програма ќе треба да им обезбеди инклузивност на сите ученици, да им ја пренесе материјата, а оценките до петто одделние остануваат описни. Учебниците сеуште не се испечатени со новините, а информација нема од министерстовто за оброзвание дали сите основни училишта ги поседуваат наведените  помошни техничко-технолошки помагала, иако до стартот на нвоата учебна година остануваат точно три седмици.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе