Вести Култура

Богата програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Богата програма ќе понуди годинашново издание на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ која ќе биде отворена во 20 часот на први август на споменикот Илинден на Гумење во Крушево.

Отворањето е со настапот на македонската филхармонија и на Македонската опера и балет. Вечерта ќе настапат и  Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба, информираат од Манифеставијата. Тоа значи, објаснуваат од Научно-културните средби „Десет дена крушевска република“ дека на први август ќе настапат два оркестри и четворица македонски изведувачи.

Во текот на манифестацијата, која трае до 10 август, ќе има програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар како и проекција на македонски филмови.

Еден од настаните кој привлекува големо внимание е изложбата на Зоран Кардула која ќе се одржи на 4-ти август во споменик Илинден. Изложбата ќе биде „зачинета“ со ди џеј сет на Томи Бојаџи.

На впечатлив начин ќе биде претставена изложбата на илустрации инспирирани од серијалот „Star Wars“, насловена како „Star Wars & Makedonium и ќе понуди вонвременскиот изглед на Македониумот. Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе