Вести Македонија Топ вести

ВМРО -ДПМНЕ со изјави од пратениците заверени на нотар гарантира дека нема никогаш да гласаат за измена на Уставот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за  измените со кои треба да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, потврди на денешната прес конференција, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека пратениците потпишале и изјави кои се заверени на нотар со кои со својата чест, совест и оставка гарантираат дека нема да прифатат и да гласаат за промена на Уставот, што е главниот предуслов за самиот почеток на долгите преговори за членство во Европската Унија.
Мицкоски оцени дека договорот кој го усвоила владата претставува срам за целата држава а самиот чин на прифаќање е предавство.
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е комплетирање на вториот дел од предавството кое Заев го започнал во јули 2017-та година, предавство чиј план е асимилација и бугаризација на македонскиот народ, оценувајќи дека пратениците кои гласале за се ставиле себеси на темната страна на историјата.
СДСМ од наследник на Комунистите , станува чирак на големобугарската кауза, тврди Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе