Вести Македонија Најважни

Први детали за протоколот кој утре Османи ќе го потпише со Генчовска во Бугарија

Со протоколот на мешовитата владина комисија предвиден е реципроцитет во сите делови освен во делот за правата на Бугарите во Македонија за кој не постои паралела со права на Македонци во Бугарија поради ограничувањата со бугарскиот Устав, брифираат дипломатски извори.

Содржина на протоколот утре ќе биде финализирана и потпишана како записник од меѓувладина конференција која ќе се одржи во Софија.

Таму ќе го потпишат шефовите на дипломатијата Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Верзијата која ја има македонската дипломатија содржински се разликува од оние досега објавените во Бугарија кои според владините претставници се стари верзии подготвени пред францускиот предлог.

Предвидено е и заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на учебници, но дури откако за тоа ќе се договорат историчарите во историската комисија.

Нема рокови за работа на историската комисија туку охрабрување научниците што побрзо да ја завршат работата за средновековниот период.

Роковите за промени во историските учебници и за чествувања ќе има откако мешовитата владина комисија ќе ги усвои заедничките заклучоци на историчарите.

За Самуиловото царство ќе се користи формулацијата која веќе е договорена од историчарите во комисијата.

Делот со реципроцитет за обврски за двете држави содржи и борбата против говорот на омраза.

Уставните измени се содржани во предлог-протоколот со формулација „припадници на други народи, како што е бугарскиот народ“.

Обврската за менување на Уставот преку оваа дефиниција останува услов за првата меѓувладина конференција пред отворање на поглавјата од пристапните преговори.

Текстот на протоколот ќе биде објавен утре по потпишувањето затоа што Генчовска и Османи постигнале таков џентлменски договор.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растaт на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе