Сеидбата на оризот е во завршна фаза. Досега посеани се околу 80 проценти од предвидените 4.200 хектари. Дел од површините се уште чекаат водата да пристигне до нивните ниви. Земјоделците од општината Чешиново-Облешево велат дека тоа се одрзаи на квалитетот, но и на приносите.
Во кочанско се намалило производтсвото на ориз во рок од само пет години. Според статистичките податоци во 2015 година имало приноси од 30.000 тони, а во 2020 оризопроизводителите собрале 20.000 тони.
Основните трошоци за производство на ориз пораснале за половина во однос на претходната година и понатаму останува проблемот со откупната цена, која не им го покрива тоа што го вложиле во производството на оризовата арпа и белиот ориз.
Викторија Јованова Димитрова
