Вести Економија Македонија Најважни

РКЕ предупредува: Заради малверзациите на општините, струјата може да поскапи за најмалку 10%

Минимум 10 отсто раст на цената на струјата им се заканува на домаќинствата, поради малверзациите кои ги прават  дел од општините, тврдат  од Регулаторната комисија.

Појаснуваат дека на новата цена уште не почнало да се работи и во овој процент не се пресметани трошоците на енергетските компании.

Но, за ваквиот евидентиран скок Бислимовски прстот го впери во општините.

За да ги скусат своите трошоци за струја, формирале јавни претпријатија преку кои електричната енергија за уличното  осветлување ја добиваат  од ЕВН,  по цена за  домаќинствата.

Со тоа велат од  РКЕ, за четири месеци направиле трошок од над 30 милиони евра кој  сега регулаторот  бара  начин како да не го вкалкулира во новата цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните од први јули.

Општините пак подолг период се жалат дека нивните сметки се за струја се пораснати 5 до 6 пати.

-Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините  не се грижат за нив измислуваат  разни финти за да се вратат на регулиран пазар и заради тоа овој трошок од 30 милиони евра,  значи 10 отсто зголемување на цената за граѓаните и тој трошок РКЕ ќе го префрли назад кај сите тие општини  и на крај на памет не ми е тој товар повторно  да го преземе РКЕ, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски

Во меѓувреме регулаторна работи на креирањето на  новиот тарифник за електрична енергија.

Бислимовски открива дека се разгледува опцијата, над 250 киловат часови потрошувачка во периодот на скапа струја , на граѓаните да им се пресметува по повисока цена.

-Очекувањата се некаде да се движи од 150 до 250 киловат часови првиот блок,  само за скапа тарифа, па потоа од 250 до кај 300 , 400 па 400 и нагоре, но правиме се уште анализи, додава Бислимовски.

За формирање на новата цена ан струјата, дел од енергетските компании веќе ги доставија пресметките на трошоците  до регулаторна.

Но, колку ќе плаќаат граѓаните во следните шест месеци, најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ.

За да се спречи големо покачување, Бислимовски бара државните електрани,  да обезбеди 100 проценти од потребите на ЕВН ХОУМ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе