Вести Најважни Свет

Евакуиран голем дел од украинските бранители во Азовстал

Во тајна операција извршена доцна синоќа, договорена и организирана од ООН и Црвениот крст, 260 војници и членови на баталјонот Азов од челичарницата Азовстал, биле евакуирани на руска територија. ООН и Црвениот крст успеале да ги убедат Украинците да прифатат бранителите на Мариупол да бидат пренесени на руска територија, и според првичните информации тие ќе бидат разменети за руски воени заробеници.

Во чечичарницата сѐ уште има непознат број украински војници, а украинските власти порачаа дека продожуваат напорите и тие да бидат евакуирани.

„Сакам да потенцирам дека на Украина ѝ се потребни украинските херои живи. Мислам дека секоја разумна личност го разбира тоа. Нашата армија и разузнавањето ја започнаа операцијата за спасување на бранителите на Мариупол. Продолжува работата за вражање дома на нашите момци, таа е деликатна и потребно ѝ е време“, рече украинскиот претседател Зеленски.

Украинската врховна команда вчера им нареди на бранителите на Мариупол да се предадат, по дваипол месечна опсада од страна на проруските сепаратисти и руската армија и морнарица. Во втората половина на арпил, украинските бранители, составени од преостанатиот дел на баталјонот Азов, поддржани од припадници на територијаната одбрана и морнаицата стационирана во Мариупол, се повлекоа во челичарницата Азовстал. Речиси еден месец се водеа жестоки борби за челичарницата, а украинските бранители спречија повеќе обиди на сепаратистите и руската армија да ја освојат.

Во текот на војната Мариупол стана симбол на одбраната на Украина. На почетокот руската инвазија се движеше застрашувачки брзо се додека руските и сепаратистичките единици не беа запрени пред Мариупол, а напредокот на останатите руски борбени групи забави и целосно застана во остатокот од Украина. Пред нешто повеќе од еден месец, руската армија целосно се повлече од северна Украина за да ги концентрира своите напори на истокот од земјата, но и таму засега напредокот оди тешко.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе