По четиричасовна средба СОНК и Министерството за образование и наука со посредство на медијатор постигнаа договор за зголемување на платите за 15 % на вработените во основните и средните училишта кое ќе стартува од септември.
На денешната средба се разговараше и за утврдување на рокот за новите колективни договори и за методологијата за пресметка на платите за 2023 и 2024 година.
Претседателот на СОНК се надева дека членството ќе ги прифати препораките на помирувачот и ќе се реализира спогодба и советот на СОНК ќе го овласти Неделков да ја потпише спогодбата.
На овие преговори претходеше средбата на претставниците на СОНК со министерката за труд и социјална политика Тренчевска за изнаоѓање решение за проблемот со платите за периодот во кој штрајкуваа вработените во градинките.
Според Законот за работни односи и Колективниот договор за месец април се исплаќаат само придонеси, но не и дневници.
И Тренчевска и Неделков се оптимисти за надминување на овој проблем.
Во текот на утрешниот ден е предвидена средба на претставниците на СОНК со министерката Тренчевска за конечен договор. Во наредните десет дена пак се очекува СОНК и МОН да ја потпишат спогодбата.
Нина Стефанова
