Вести Македонија Најважни

Петков ja откажа посетата наредната недела, Македонија не испорачала доказ за почитување на правата на бугарското малцинство

Двете земји преговараат, но далеку се од решение на хартија. Денеска од Бугарска страна пристигна информацијата дека нема да има посета во Скопје. Премиерот Кирил Петков придружуван од владини претставници нема да дојдат во земјава на 22 мај.

Причините не се технички, ниту, пак, агендата на двајцата државни челници, туку очекувања кои нашата земја не ги исполнила, соопшти во телевизиско гостување шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова.

Скора посета нема да има, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме на Договорот за добрососедство, така што како што вчера потврди македонската страна, меѓувладината конференција се одложува додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите, со разбирање и со дејствија кои докажуваат дека ќе има борба против дискриминацијата на бугарското етничко малцинство, изјави Бориславова за БНТ.

Бориславова, открива дека бугарската јавноста нема потреба од загриженост дека Петков ќе подлегне на се посилните пристисоци од надвор за решавање на проблемот со Македонија.

Премиерот, исто така, истакна дека нема очекување во моментов, дури и кога оваа седница беше на дневен ред, да се потпише затоа што не сме подготвени со овој протокол по Договорот, вели Бориславова.

На прашањето дали промената на ставот за вето за преговорите на Македонија со ЕУ ќе ја собори владата во Бугарија, Бориславова од студиото на БНТ порача дека „Никој на кој било начин нема да преземе чекори за само иницијативни одлуки,“ а обвинувањата за таква иницијатива се масло на опозициските политичари.  Единиствен пат е работата на две министерства за надворшени работи кои интензивни соработуваат.

Проблемот останува иако се наближува јунскиот самиот на Европската унија, а апелите од нашата влада се да не се врзуваме за датуми туку на усогласување на двете страни и документ што може да биде основа за надминување на ветото.

Петков, пак, деновиве децидно отфрла дека од било каква посета и средба ќе биде потпишан конкретен договор.

Минатата недела и премиерот Ковачевски и министерот за надворешни Бујар Османи кажаа дека крајот на летото е неформален рок до кога очекуваат да се реши проблемот со Бугарија и да се одблокира европскиот пат на Македонија.

Во меѓувреме, Франција, која до први јули претседава со Европската унија, соопшти дека е решена, во случај на договор меѓу Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции со Македонија и Албанија. Самитот на Европската унија е закажан за 23 и 24 јуни во Брисел. Од први јули претседавањето со Унијата го презема Чешка.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе